ASA – Asocijacija na Strumicki Aforisticari
Гости на АСА:
Пеко Лаличић(Mајданпек- Србија):
• На оние коишто работат на црно не им пречи дневната светлина.
• Животот веќе не пишува романи. Сега пишува сатири!
• Сиромаштијата не обединува. Затоа и трае.
• За ваков, каков што живееме ние живот, кучешкиот е мачкина кашлица.
• Не е демократијата крива. Ние удривме врз неа.
• Додека бевме неврзани не беревме зелен бостан.
• Ако ја преживеаме оваа криза Европа не ни гине.
• Се стиснавме колку што можевме. Никој не прднува.
• Сизифе слези! Овие го однесоа и твојот камен.
• Најпрво ми се стемни. После ми ја пресекоја струјата.
• Европската Унија и Америка не чекаат на- првата кривина.
___________________________________________________
(од книгата,,Kриви огледала“)


Коментари